Клоп донесува напаѓач од Бразил?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Ливерпул подготвил понуда тешка 26 милиони фунти за голгетерот на Гремио.

Мета е Луан Гиљермо Де Жесус Виера, 24-годишниот напаѓач кој веќе некое време е мета на Ливерпул.

Од Бразил стигнува вест дека тие се согласиле на понудата од 26 милиони евра, но дека би сакале да го задржат Луан до есен ако успеат да одат далеку во Копа Либертадорес.

Тоа би можело да претставува проблем за Ливерпул, затоа што Клоп сака да го донесе во текот на летото и да вклопи во тимот.

Луан минатата година освои златен медал на ОИ во Рио, а оваа година дебитираше во тимот на Бразил на пријателскиот натпревар против Колумбија.