Вилијан донесе одлука за својата иднина!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Бразилскиот играч Вилијан веќе долго време се поврзува со заминување од Челси.

Како нова дестинација за бразилецот се споменува Манчестер Јунајтед но тој тврди дека од тоа нема да има ништо, барем не ова лето.

„Мојата иднина е врзана за Челси. Имам договор до 2020 и среќен сум. Не ми е проблем бидејќи не играм многу, барем јас ги разбирам тие работи“ – вели Вилијан

Поради силната конкуренција како Азар и Педро тој оваа сезона беше стартер на 13 натпревари, но без оглед на тоа тој игра важна улога во тимот на Конте.

Вилијан во Челси пристигна 2013 година од Анжи а тогаш беше платен 30 милиони фунти.