Ливерпул пронајде лев бек!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Левиот бек на Хал Сити, Ендрју Робертсон наредната сезона ќе го носи дресот на Ливерпул, така пишуваат медиумите во Англија.

Робертсон има договор до наредното лето, па ова е последна шанса за тимот на Хал да заработи нешто од овој играч, па со тоа се постигна договор со екипата на Ливерпул.

Робертсон позади себе има одлична сезона, иако Хал отпадна од лигата, скаутите од Ливерпул го следат веќе долго време.

Се очекува Робертсон да биде левиот бек во тимот на Клоп наредната сезона.