Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид патува на турнир во Љубљана


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид, овај викенд ќе учествува на меѓународен теквондо итф турнир “15 ЉУБЉАНА ОПЕН 2017” во ЉУБЉАНА,СЛОВЕНИЈА , кој е традиционално еден од најсилните турнири за оваа пролетна натпреварувачка  сезона.

На овој турнир под водство на Марјанчо Лазаревски црн појас 4 дан , поранешен светски вицешампион, такмичарите на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид како ќе ги одмерат силите во три дисциплини борби и форми поединечно, и екипно борби, каде ќе учествуваваме со 3 екипи, девојчиња до 13 години, деца до 13 години и јуниори до 18 години.

Се надеваме дека и овај пат претсатвниците на Теквондо клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид ќе не престават во најубаво издание и ќе не направат да се чувствуваме горди. Воедно Теквон-до клубот ХВА РАНГ ИТФ Лескоец-Охрид користи прилика да изрази најголема благодарност до генералниот спонзор ПН МЕТАЛ , кој и овај пат е најзаслужен за нивното учество на овај престижен турнир.