Конте како Мурињо, а има шанса и да го надмине!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доказ колку Челси е одличен во оваа сезона.

Фудбалерите на Челси ја победија екипата на Вотфорд на својот стадион, што беше 29 триумф на Сините во оваа сезона во Премиер лигата.

Претходните два пати кога Челси успеа да дојде до 29 триумфи се случија два пати по ред под водство на Жозе Мурињо во сезоните 2004/05 и 2005/06.

Сепак, Конте има шанса да го надмине својот колега, ако во последното коло Челси на својот стадион го совлада Сандерленд, што не би требало да им претставува проблем.