„Жал ми е за Леонард, но не беше намерно“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарот на Голден Стејт, Пачулија го повреди Леонард во првиот натпревар од финалната серија на Западот.

Сан Антонио доминираа и имаа повеќе од 20 поени предност против Голден Стејт, но по повредата на Леонард се тргна на лошо за тимот.

Тренерот Попович беше лут на Пачулија, па го обвини дека намерно го повредил Леонард.

„Го направив тоа што морав. Одев да го бранам ударот, немав лоша намера. Искрено, не знам како застанав на неговата нога додека не се свртев и го видов на подот.“

„Навистина се чувствувам лошо поради него. Би сакал да не се случи тоа, да биде поинаку. Имам многу почит кон него. Мислам дека е еден од најдобрите НБА играчи и му посакувам се најдобро.“