ПЛ – Кој вели дека има натпревари без важност, големи пари се во игра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се знае кој ќе биде шампион и кој ќе игра наредната сезона во Чемпионшип, но клубовите во средината на табелата имаат причина и понатаму да се борат.

Кажа Венгер дека Вест Хем играле како да се на одмор против Ливерпул и дека не бил задоволен од нивниот однос кон играта, но немаше право.

Вест Хем и тоа како има причини да се бори за подобар пласман во ПЛ, а причина се премиите кои се добиваат на крајот на сезоната, во зависност од тоа на кое место ќе завршат.

Секоја повисока позиција во ПЛ вреди 1.9 милиони фунти, а разликата од 8-мо до 16-то место на табелата изнесува 5 бодови. Разликата во пари изнесува 15.2 милиони фунти.

Челси ќе заработи 150 милиони фунти за бонуси кои се вклучени во оваа цифра, а од тоа 38 милиони евра одат на пласманот во  ПЛ.

Сандерленд кој е последен на табелата ќе заработи 100 милиони фунти, но само 1.9 милион поради пласманот во ова натпреварување.

Вест Хем беше 12-ти на табелата и би требало да заработи 17.1 милион фунти, но ако стигне до 9-то место тогаш ќе заработи 22.8 милиони, односно 16 место, па би можел да заработи 9.5 милиони фунти.