Хендикеп за Реал – Бејл нема да игра против Селта!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл и понатаму се рехабилитира од повредата, а пропушти голем дел од сезоната, но и покрај тоа неговиот тим е блиску до титулата.

Тој се врати на тренинзите на Реал во текот на оваа недела, откако се повреди, па јасно е дека нема да игра против Селта во среда.

И денес сам тренираше, па се појасно е неговото отсуство.

Сепак, се очекува да биде на клупата во натпреварот против Малага, да влезе на самиот крај за да се подготви за ЛШ.

Зидан изјави дека нема да ризикува со него, за да биде подготвен за финалето во ЛШ.