Крај на сагата? Повеќе извори јавуваат – Кеси во Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Познати се и деталите…

Почна да наликува на теленовела. Прво Рома ги победи Челси и Јувентус, но тогаш во целата приказна се приклучи Милан, а срцето на Френк Кеси наводно припаѓа само и исклучиво на Росонерите, па Аталанта дозволи да оди во клубот кој го сака, иако претходно пружеше рака на Волчицата.

Меѓутоа, изгледа дека оваа теленовела има основа во реалноста со оглед на тоа дека повеќе извори од Италија вечерва со наслов итно јавуваат дека трансферот на фудбалерот на Аталанта во Милан е завршена работа.

Клубот од Бергао на име оштета ќе и припаднат 28 милиони евра- вклучувајќи ги тука и премиите, значи ќе биде нешто помала – а самиот Кеси ќе добие петгодишен договор вреден 2.5 милиони евра по сезона.

Рома, инаку, ја нудеше истата сума на Аталанта, но наводно бавна динамика на исплата, но на Кеси „само“ 2 милиони евра годишно.