Колумна: Нов Милан: Ера после Берлускони, нов „кинески Милан“!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Сум живеел во ерата на Саки, во ерата на Капело, на Анчелоти, сум доживеал во својот живот да видам на тв екраните многу легендарни играчи на Милан кои доаѓаат и заминуваат и оставаат огромен белег во клубот.

Од Дејан Савичевиќ, Звонимир Бобан, Алесандро Костакурта, Марко Ван Бастен, Франко Барези, холандското трио (кое според мене е најдобро трио во светот), ако продолжам со легендите ќе треба да пишувам цел живот…

Во тоа време Берлускони успеа пред очите на фамилијата Ањели да украде доста играчи, но во тоа време парите не беа клучен фактор, а сега? Знаеш како е чувството кога сакаш некоја личност и кога едноставно исчезна таа љубов? Можеби нема јавно да ја искажеш…но ќе бараш причини т.е алиби дека е време за нешто друго.

Но, се мислам дека Берлускони не беше спремен за спортското мото „фудбалот е бизнис“.

Мојата љубов кон фудбалот почна во 1994 година кога Савичевиќ постигна гол од десниот агол и го лобоваше високиот Андони Зубизарета. Не знаев кој е клубот, но боите ги запаметив.

И така, си бевме тим кој секогаш атакуваше во КЕШ и во ЛШ за титула, се до 2007 година, кога последен пат ја освоивме титулата.

И кога ќе се погледне хронолошки, чекор по чекор Милан одеше надолу, во наредната сезона дојдоа од позвучните имиња Пато и Емерсон, во наредната стигнаа Фламини, Бориело, Абате, Антонини, Ѕамброта, Абијати и Роналдињо.

Роналдињо во Барселона две години пред да дојде во Милан Берлускони нудеше 115 милиони евра, тој беше заљубен во него, за по 2 години да дојде за 21 милиони евра, но факт е дека не покажа ниту 10 % од тоа што го правеше во Барселона.

Во наредната сезона дојде Тиаго Силва од Флуминенсе за 10 милиони, што се покажа како полн погодок, Клас Јан Хунтелар, Бекам полусезона беше во Милан, од очај го ангажиравме и Мансини од Интер.

Пред почетокот на сезоната Малдини ја заврши кариерата, Кака беше продаден во Реал Мадрид за 65 милиони евра, Емерсон си замина во татковината, а Пјер Емерик Обамејанг беше позајмен во Лил.

Продажбата на Кака беше првиот чекор за падот на Милан.

Во 2010/11 се појави некоја надеж за враќање на Милан, сите бевме очајни зошто поминаа јуни и јули а Милан не доведе крупна ѕверка.

Стигна Марио Јепес од Киево, беше оспоруван, но се покажа како добро засилување, Сократис Папастапалус од Џенова, Кевин Принц Боатенг, Антонио Касано, Златан Ибрахимовиќ, Робињо, Урби Емануелсон и Марк Ван Бомел (како зимски засилувања) и Дидак Вила.

Роналдињо во зимскиот преоден рок беше продаден во Фламенго.

Во таа сезона ја освоивме за последен пат Серија А.

Во сите години од 2008 па навака во ЛШ најдобар успех беше ¼ финале на ЛШ.

Во 2011/12 сезоната дојде Филип Мексес од Рома како слободен играч, Таје Таиво од Марсеј кој беше сметан за многу добар лев бек (во Милан испадна како најголема грешка), Стефан Ел Шарави, Алберто Аквилани (позајмица од Ливерпул), Антонио Ночерино (мистер икс на Милан), Сулеј Мунтари од Интер.

Најголемата грешка пред почетокот на сезоната беше тоа што управата дозволи Пирло да замине во Јувентус бесплатно кој донесе неколку скудета по ред на Јувентус.

Сократис не доби вистинска шанса кај Милан и се врати во Џенова кој подоцна замина во Дортмунд и сега е стартер секогаш.

Марек  Јанкулоски ја заврши кариерата, а најдобар трансфер беше продажбата на Марко Бориело во Рома за 10 милиони.

Милан продолжи и во сезоната 2012/13 со доведувања на фри играчи, единствено добро засилување беше Рикардо Монтоливо, кој доживеа 2 тешки повреди и имаше значителен пад на формата и кој е моментален капитен на тимот.

Во таа сезона Милан пред почетокот на созоната доживеа тектонски удар кој уште го преживува.

Беа продадени Тиаго Силва и Златан Ибрахимовиќ во ПСЖ, Ѕамброта и Филипо Инзаги ја завршија кариерата, Неста замина во Канада да игра, Гатузо во Сион, Ван Бомел во ПСВ за таму да ја заврши кариерата, Антонио Касано замина во Интер, а Пато кој доживеа безброј повреди беше продаден во Коринтијанс за 15 милиони, замена за Касано дојде Пацини во трампа со Интер.

Менувавме доста тренери, откако замина Анчелоти, дојде потоа Леонардо, кој после една сезона во 2010 дојде Масимилиано Алегри кој беше во Милан од 2010 до 2014 година, потоа Кларенс Сидорф, управата го натера Сидорф да ја заврши пред време играчката кариера за да  биде тренер, кој на крајот од сезоната беше сменет.

Потоа Филипо Инзаги, па Синиша Михајловиќ (беше сменет при крајот на сезоната, негова замена беше Броки) и од оваа сезона е Винченцо Монтела.

Не сакам да продолжам со анализите за сите сезони досега, зошто факт е дека нема некое големо вложување во играчкиот кадар, се што беше вредно се продаваше, а се носеа играчи од средна класа.

Исклучок е финалето на купот против Јувентус, благодарение на одличниот ждреб и поразите на фаворитите и да стигнеме до финалето.

Успех може да се смета и тоа што во оваа сезона го освоивме Суперкупот на Италија, 2 пати се совлада Јувентус, еднаш во Суперкопа а пред тоа и во првенството, а најголем успех е тоа што Милан е најмлада екипа што освои Супер Куп во најдобрите лиги.

Основата ја има тимот, Донарума, Ромањоли, Локатели, Де Шиљо ( веќе не се смета, бидејќи сака да замине, го бара Алегри во Јувентус) , Сусо, Бонавентура и (вечно оспоруваниот) Бертолачи.

Тука се и младите играчи од сенка, како Кутроне, Калабрија и други.

Во што лежи проблемот?

Добра ротација како прво, и мора класи да има на сите позиции, левиот бек е слаба страна, за средината не се зборува, и нападот е слаб, не може Поли, Соса, Хонда да бидат ротација.

Продажбата на клубот се одложи, (колумната е почната да се пишува пред продажбата официјална) јас искрено верувам дека ќе се случи тоа, значи некои се залажуваат дека клубот е параван за Берлускони за да пере пари?

Клубот секоја година оди во долгови, од година во година, зарем Берлускони ќе дозволи да загуби на пример сега 500 до 600 милиони за в година да земе на пример 300 или 400 ?

Треба засилувања, тоа е непобиен факт, јас кога би бирал ЛШ или продажба на клубот, бирам продажба, не да играме во ЛШ и со Куцка и со Лападула да се брукаме.

ДНК на Милан е ЛШ, кога игра Милан никогаш не дозволувал да биде избрукан, фудбалот е бизнис и мора во клубот на почетокот најмалку од 100 до 150 милиони вложувања, а потоа се разбира треба да се работи на младите играчи, дали со наши или купување од другите клубови и да се развиваат во Милан.

Доказ дека Милан ќе оди на вистински пат ќе биде кога Донарума ќе го продолжи тимот и јас верувам дека тој ќе биде играчот кој може да прави разлика, Јувентус знае дека после Буфон тешко дека ќе најдат замена и по секоја цена ќе сакаат да го доведат.

Колумната ја почнав пред да се продаде клубот, а јас продолжив кога конечно се продаде клубот, имаше доста оддолговлекувања, сомневања, кај многу росонери ги има сеуште и кај мене ги има во одреден степен се разбира, но конечно се реши и  тоа прашање и клубот премине во кинески „раце“.

Берлускони не можеше да парира на кинезите и арапите и откако фудбалот стана буквално бизнис Берлускони ги редуцираше трошоците продажна на круцијални играчи а доведување играчи со просечен квалитет „денес игра супер, утре леви штраус“.

Јас навивам за Милан од 1994 година после тоа големо финале, мојата љубов кон Милан во ниту еден момент не била под знак прашање, имало навреди кон управата, играчите.

Потенцијалните засилувања ги читаме по фејсбук страниците, едно што е јасно во овој момент ќе го имаме системот „позајмица со право на откуп, или позајмица без право“.

Првото засилување ќе биде Френк Кеси, сите големи медиуми ја потврдија таа вест, еден од нив е и италијански Скај, второто може да биде Мусачо од Виљареал, тој се мачеше со една тешка повреда, се врати повторно, Виљареал немаше квалитетни фудбалери па да биде мерило дали е слаб или добар играч.

Тие што редовно следат Серија А, знаат дека Андреа Белоти е вистинско засилување за Милан:

Причина за тоа:

Адаптирам во Серија А, фан на Милан, млад играч, брз, добар со глава, некои го нарекуваат новиот Шева.

Заминува „предавникот“ Де Шиљо, од нов Малдини, стигна да биде новиот Бонера.

Значи ќе треба да се донесе нов бек, ако сакаме Милан да се бори за ЛШ и за титула, Ванџони не е играч од таков калибар, ќе треба најмногу реформи во средниот ред, Монтоливо е пребавен, забавувач на протокот на топките од одбраната преку средниот ред до нападот (мислам некогаш и крилата).

Барселона мислам дека ќе го откупи Делуфеу и после ќе го продаде на Милан за сума од 15 до 20 милиони евра, Сусо најверојатно ќе го продолжи договорот, а тука е и Џек, кој многу недостасуваше во пролетниот дел.

Марио Пашалиќ кој кај многу фанови е многу оспоруван дека не бил калибар за Милан, за мене е калибар за Милан, може да биде како Бобан, се разбира ако вредно работи, играч со голем потенцијал, постигна 4 голови, што не се малку за играч за врска.

Играчи што треба да го напуштат Милан: Хонда, тој заминува бесплатно, договорот му истекувана на крајот на месец јуни, Поли треба да се продаде, истото го мислам и за Антонели, Куцка, се разбира и за Палета кој доби ако не се лажам 4 црвени картони во оваа сезона.

Запата треба да остане, играч за ротација е добар, ако играме во квалификациите за ЛЕ ќе биде добар стартер да се одморат Ромањоли и потенцијалниот играч Мусачо.

Како што наведов погоре останувањето на Донарума е главен тест за Милан дали Кинезите ќе го положат тестот.

Од продажбата на Карлос Бака и Де Шиљо може во буџетот да се донесат 35 милиони евра, може се разбира и од другите играчи.

Од младите играчи ги имаме  Калабрија, Локатели, кој сакам да остане, кој падна доста во пролетниот дел (играч кој може доста напредува).

Времето за дијазепам е позади нас, целта што јас ја зацртувам за наредната сезона е пласман во ЛШ (топ 4 во Серија А).

Сега којде време кога во клубот ќе се вложува треба да бидеме порекласирани, да не мислиме дека овој требало, овој не, во клубот работат макотрпно со цел клубот да го вратат на врвот на Италија и се разбира на врвот на Европа.

Автор на колумната е Панче Крстески.

Секој кој сака да размени било какви мислења со мене може да ме додаде на профилот, но сакам мислења со факти, без навреди, посакувам сезона исполнената со емоции, страсти, сезона каде што заедно ќе организираме собири и заедно сплотени ќе ги споделиме тие убави моменти на новиот Милан „ера после Берлускони“.

Ставовите искажани во оваа Колумна се лични ставови на авторот и не се автоматски и ставови на редакцијата на Суперспорт.мк