„Дали ќе останам во Тотенхем? Никогаш не се знае“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерот на Тотенхем Деле Али позади себе има одлична сезона. Прогласен е за најдобар млад играч втора година по ред.

Сепак, младиот 20-годишен фудбалер не можеше да потврди дали ќе игра за Тотенхем и во наредната сезона.

„Никогаш не можете со сигурност да кажете што ќе се случи во иднина. Никогаш тоа не се знае, никој не може да го предвиди расплетот“, рече Али и додаде:

„За мене најважно  е само да продолжам по патот на кој сум, без оглед на тоа дали ќе останам во Тотенхем или еден ден ќе се одлучам да заминам.

Што се однесува до мене секогаш ќе размислувам за тоа што е најдобро за мене, било да е тоа останување или заминување. Само сакам да уживам и да не се грижам за тоа како работите ќе завршат на крајот“, рече Али.

На прашањето од новинарите дали тоа значи ќе го напушти клубот на лето, Али одговори:

„Како што реков, никогаш не се знае. Но, ова е фантастичен клуб за мене. Сакам да учиме заедно, да се развиваме и да бидеме успешни колку што е можно тоа. Гледајќи и тоа кој ни е менаџер, верувам дека не постои подобро место за мене“.

Делел Али во оваа сезона настапи на 35 натпревари во ПЛ и постигна 17 погодоци, и имаше 7 асистенции.