„Интер? Се зависи од Рома“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Дефанзивецот на Рома Костас Манолас во последно време често се поврзува со заминување од овој клуб.

Италијанските медиуми сакаат да шпекулираат, а Манолас најчесто се поврзува со трансфер во Интер.

Наводно екипата од Милано нуди на Рома 30 милиони за услугите на овој фудбалер и зделката треба да биде склучена на лето.

„Мое евентуално заминување е одлука на клубот. Имам уште две години од договорот и сакам да останам овде“, порача Манолас.

Исто така, Италијанците го запрашаа Манолас и за можното продолжување на договорот, но тој не беше расположен на тоа прашање, па замина.

Манолас во оваа сезона одигра 31 меч во Серија А и запиша две асистенции.