„Алексис навистина стана вистински ѓавол“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез постигна два погодоци во синоќешната победа на Арсенал против Сандерленд.

Тренерот на Топџиите Арсен Венгер порача после мечот дека долго се двоумеше дали да го стави Алексис од првата минута поради проблем со повреда, но на крајот се исплати ризикот.

„Околу 4 часот после пладне ја донесов одлуката дали Алексис да го почне мечот. Кога е тој на теренот и добие топка, станува вистински ѓавол и заборава на болката.

Никогаш неговата желба и квалитетот не се под знак прашање. Кога ќе ја погледнете неговата статистика, јасно е дека тој стана играч од светска класа и дека не го потроши залудно времето овде кај нас. Се надевам дека тоа ќе трае уште долго време“, рече Венгер после мечот.

Да потсетиме, Арсенал се наоѓа на 5 место со бод помалку од четврто пласираниот Ливерпул, кој ја држи позицијата која во наредната сезона води во ЛШ.