Озил собори неверојатен рекорд против Сандерленд


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Арсенал славеа синоќа на домашен терен против Сандерленд со 2:0 во рамките на англиската Премиер лига.

Фантастична партија синоќа одигра германскиот репрезентативец и еден од главните лидери на Топџиите Месут Озил.

Тој синоќа собори неверојатен рекорд.

Имено, Германецот креираше дури 12 шанси за своите соиграчи во синоќешниот меч, а тоа е најмногу што некој некогаш го направил во еден меч во Премиер лигата.

Да потсетиме, Озил беше доста оспоруван во текот на целата сезона бидејќи веќе пружеше многу бледи партии.

Сепак, синоќа покажа дека се враќа на вистинскиот пат, а треба да се каже дека запиша и една асистенција и тоа за првиот гол на Алексис.

Озил вкупно во оваа сезона одигра 31 меч во Премиер лигата и постигна осум погодоци со исто толку асистенции.