Рим – Халеп се пласираше во 1/8-финале!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


4-та тенисерка во светот, Симона Халеп обезбеди пласман во 1/8-финалето на турнирот во Рим.

Таа во два сетови ја победи Зигмунд со 6:4 и 6:4 и така и се реваншираше за поразот во Штутгарт.

Нејзината противничка ќе биде победничката во натпреварот помеѓу Павличенкова и Севастова.

Во 1/8-финале ќе игра и Бертенс, која ја победи Белис со 6:4 и 6:0 додека Бартел имаше лесна победа против Ванг со 6:3 и 6:4.

Турнирот во Рим се игра за награден фонд од 2.775.745 долари.