Голден Стејт го „потопи“ Сан Антонио!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кошаркарите на Голден Стејт успеаа да го победат Сан Антонио со 136:100 и да го зголемат водството на 2:0 во финалната серија на Западот.

Тие беа големи фаворити, а причина повеќе за тоа беше повредата на Леонард кој не играше.

Првиот период го доби Голден Стејт со 33:16, а лошата игра на Сан Антонио продолжи и понатаму до самиот крај на натпреварот.

Наредниот натпревар помеѓу овие 2 тимови се игра во Сан Антонио во сабота, а Леонард ќе се врати на паркетот.

Најдобар кај Голден Стејт беше Кари со 29 поени додека кај Сан Антонио најдобар беше Симонс со 22 поени.