Барса пронајде вистинска замена за Дани Алвеш?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


И тоа во своите редови, верувале или не.

Се работи се Серџи Паленсија.

Овој 21-годишен десен бек како десетгодишен стигна во Ла Масија од родната Бадалона, девет години играше за младите селекции на Басрса, а во претходните три сезони се калеше во Барселона Б.

Во оваа сезона, во која Барса Б избори враќање во Секунда, Паленсија беше еден од стандардните играчи и со своите одлични игри сериозно се наметна како потенцијално решение за и онака притичната позиција десен бек во првиот тим на каталонскиот гигант.

Иако медиумите и стручнаците поради стилот на игра и малиот раст воглавно го споредуваат со Филип Лам, голчиштето кое го постигна во натпреварот против Еибар во минатиот викенд во стил на долгогодишниот првотимец на Барселона Дани Алвеш.

Погледнете во прилог и уверете се сами.