Манчестер ја продолжува соработката со најискусниот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Би-Би-Си“ играчот за врска на Јунајтед е на прагот за продолжување на договор со клубот.

Изгледа дека Мурињо е задоволен со партиите што во оваа сезона ги пружеше 35-годишниот Мајкл Керик, бидејќи на искусниот играч за врска му е понудена продолжување на соработка, и наскоро треба да потпише продолжување на соработка.

Овој 35-годишен играч за врска ја навршува 11 сезона во клубот, а на 4 јуни е закажан и ревијален меч во негова чест.

Разговорите околу продолжување на соработка добро напредува и двете страни потврдија дека продолжување на соработка е извесна.

Керик соевремено од Тотенхем стигна на Олд Трафорд за 18.6 милиони фунти.

Одигра 457 натпревари во сите натпреварувања за Јунајтед, што го става на 17 место на вечната листа на Црвените ѓаволи.

За тоа време постигна 24 погодоци.

Поранешниот репрезентативец на Англија освои пет титули во Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Куп, и два Лига куп во текот на својот претстој на Олд Трафорд.

Неговиот актуелен договор истекува за помалку од два месеци, поточно на 30 јуни, а ќе потпише продолжување на соработката на уште година дена.