Готово е, познати се сите детали – Милан работи со полна пареа – Познато и третото засилување


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Новото раководството на росонерите потроши 51 милион евра.

Раководството на росонерите го договорија и третото засилување за следната сезона.

Дресот на росонерите од следната сезона ќе го носи Рикардо Родригез, левиот бек на Волфсбург.

Росонерите го договорија трансферот на фантастичниот швајцарец, а беше и желба на Интер, ПСЖ и некои премиерлигаши. Милан денес постигна договор со германскиот клуб за оштетата. Италијанскиот клуб нема да ја плати клаузулата од 22.5 милиони евра на која германците инсистираа во летото.

Милан ќе плати 15 милиони евра плус 3 милиони бонуси. Најверојатно Родригез ќе потпише 4-годишен договор со росонерите.

Родригез ќе биде третото засилување на Милан во следниот преоден рок. Прво го договорија трансферот на Матео Мусакијо од Виљареал за 18 милиони евра. Потоа ги приведоа при крај преговорите за Франк Кеси од Аталанта за кој ќе платат 28 милиони евра.

Следната задача на раководството на Милан можеби е и најтешката, доведување на напаѓач. Желбите се Белоти од Торино и Мората од Реал Мадрид. За Белоти се спремни да платат 60 милиони евра и да се откажат од Поли и Кучка. Реал им одговори дека за продажбата на Мората ќе може да разговара после финалето во ЛШ.