„Ривалството на Меси и Роналдо им помогна да напредуваат“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендарниот дефанзивец на Барселона Карлес Пујол изјави дека ривалството меѓу Меси и Роналдо им помогна да напредуваат, но и дека Меси е подобар од Португалецот.

Меси и Роналдо освоија Златна топка дури девет пати, единствен фудбалер кој успеа во меѓувреме да ја добие оваа престижна награда беше Кака во 2007 година.

„Роналдо е еден од најдобрите играчи во историја, но Меси е подобар. Нивното ривалство е толку големо што им помогна да напредуваат бидејќи не смееја да се опуштат. По мое мислење Меси е подобар. Се надевам дека ќе освои нешто и со Аргентина. Тоа би значело, за покрај сите трофеи освоени со клубовите, да освои со сите“, рече Пујол.