„Одигравме неверојатно прво полувреме“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Јувентус вечерва во финалето на Купот на Италија на Олимпико го совлада Лацио со 2:0 и така го освои првиот трофеј во оваа сезона.

Тренерот на Јувентус Макс Алегри беше презадоволен после освојувањето на Купот.

“Првото полувреме беше неверојатно. Морам да честитама на момците на одличниот натпревар, врвно прво полувреме и на Лацио за одличната сезона.

Јувентус се изваде за неделниот пораз од Рома. Сега имаме многу важен натпревар против Кротоне со цел конечно да ја освоиме титулата“, рече Алегри, пренесува Раи Спорт.

Дани Алвеш и вечерва беше еден од клучните играчи на екипата.

Го постигна третиот погодок во последните пет натпревари, но тренерот на Јувентус не сака да пофали поединец.

„Мислам дека не е фер да зборувам само за еден играч после ваква ноќ. Ако го освоиме Купот, тогаш тоа е благодарение само на сите играчи кои не доведоа до овде“, заклучи Алегри.

Во наредниот викенд Јувентус со победа против Кротоне ќе ја освои и титулата во првенството, но Алегри повикува на внимание.

„Ќе биде тешко против Кротоне, ни треба една победа и во недела се работи за одлучувачки натпревар во сезоната па така на нас ни е потребна поддршка од сите навивачи. Мораме да ја покажеме истата одлучност која што ја покажавме вечерва“, рече тренерот на Јувентус.