Ако кралскиот клуб е шампион, Малага ќе добие милион евра


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реал Мадрид е на чекор од титулата во Шпанија.

На кралевите во последното коло против Малага на гости им е потребен само бод за да ја освојат титулата.

Натпреварот Малага – Реал Мадрид ќе привлече големо внимание поради една неверојатна причина. Фудбалерите на домашниот тим ќе заработат милион евра ако Реал ја освои титулата и тоа поради клаузулата во договорот на Иско.

Тој во 2013-та година стигна на Бернабе од Малага за 27 милиони евра, а во договорот стои дека Малага ќе добие милион евра ако Реал биде шампион.

Во претходните четири години Реал освои две титули во ЛШ, но се без титула во Шпанија. На неа чекаат од 2012-та година, но Малага ќе има корист.