Кристијано Роналдо руши рекорд стар 46 години


Одиме јако! Не чека ЛУД викенд! ↓↓↓


Првата ѕвезда на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо игра одлично оваа сезона и руши рекорди.

Португалецот вчера постигна два погодоци против Селта Виго и така руши уште еден рекорд. Стана најдобар стрелец во историјата на петте најсилни лиги во Европа.

Роналдо на своето конто има 368 погодоци и го престигна англичанецот, Џими Гривс кој го држеше рекордот 46 години. Англичанецот своите погодоци ги постигнуваше во дресовите на Челси, Тотенхем, Вест Хем и Милан, а португалецот во дресовите на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

За англискиот клуб постигна 84 погодоци на 196 натпревари, а за кралскиот клуб постигна 284 погодоци на 264 натпревари.