„Одлуката на Федерер да не игра на Ролан Гарос е логична“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Надал не е изненаден од одлуката на Федерер да не настапува на Ролан Гарос.

Тој не играше на турнирите на земја, па Надал смета дека неговата одлука е логична.

„Со оглед на тоа дека не играше ниту еден турнир пред Ролан Гарос, нормално е да го прескокне тој турнир. Најверојатно уште од претходно ја има донесено одлукат. Но ако размислувате логично, би било чудно да не играте ниту еден турнир на земја, а потоа да играте на најголемиот.“

„Многу сум задоволен со почетокот на сезоната. Не само со турнирите на земја. Играв добро на сите турнири. Секако дека за мене е важно што сезоната на земја започна добро. Тоа за мене е најважен дел од сезоната.“