„Сон ми е да заиграм во дресот на Арсенал“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хулк ја изненади јавноста минатата година кога замина од Зенит во Кина.

Хулк на врвот на својата кариера одлучи да прифати богата понуда од Кина, а по него тоа го направија многу фудбалски ѕвезди.

Но по една сезона изгледа дека Хулк сака да игра фудбал на врвно ниво. Во разговори за медиумите, тој изјави дека сака да заигра во Арсенал.

„Вистина е дека сон ми е да играм во Арсенал. Голем фан сум на начинот на игра на тимот. Среќен сум во Кина и сеуште имам 3 години од договорот. Мора малку да почекаме и да видиме дали ќе играм некогаш за Арсенал.“

Многумина оваа негова изјава ја оценија како тој да се нуди на Арсенал и очигледно е дека тој сака да се врати во Европа.