Денот кога Капело стана дон, а Деки го доби серитификатот Гение (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се сеќаваме на финалето на Лигата на шампионите во 1994 година…

Многу патги раскажана, но никогаш досадна приказна – финалето на Лигата на шампионите во 1994 година.

Еден пролетен ден сличен на овој, ден кога Фабио Капело стана дон, ден кога Дејан Савичевиќ го заслужи серитификатот Гение, и ден кога Милан забележа една од најголемите победи во својата историја, и конечно, денот кога првиот дрим тим на Барса во новата фудбалска ера е –расформиран.

Генерации пораснаа со ненадминливиот лоб на црногорскиот мајстор што со години се вртеше на ТВ шпиците, и генерации на тренери учени на тактиките на големиот Капело од тоа прочуено атинско финале.

Бидејќи Барса на Кројф ги имаше Зубизарета, Куман, Бакеро, Гвардиола, Стоичков, Ромарио…До финалето примија само два гола и важеа за апсолутни фаворити, а Милан славеше со спектакуларни 4:0.

Милан без стандардниот стоперски пар Барези – Костакурта, без Марко ван Бастен, без тогаш најскапиот играч на сите времиња Лентини, без Лаудруп, Папен и во тоа време еден од најдобрите Романци Флорин Радучоју.

Правилото на УЕФА беше јасно. Само тројца странци можеа во протоколот.

А Капело се одлучи за Дејан, Бобан и Десаи..

И со овои тројца погоди. Потсетете се само…

Сликата зборува повеќе од сите зборови на светот:

Дон Фабио Капело, со години подоцна:

„Сите мислат дека Барселона е најдобар тим на светот и дека е невозможно да се победат. Но тоа беше мотив за моите играчи. Шпанците само што освоија титула и беа весели и уверени дека никој не им може ништо. Ние одигравме совршен меч. Се беше соврешно. Барса имаше еден удар кон голот. Резултатот знае“, рече Капело.