„Се надевам дека Биг Сем ќе покаже дека е пријател“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Жозе Мурињо потврди дека во стартниот состав на Манчестер Јунајтед во последниот натпревар од сезоната во Премиер лигтата против Кристал Палас ќе вклучи и неколку млади играчи во екипата од Олд Трафорд.

Кристал Палас во недела гостува на Олд Трафорд, само три дена подоцна Јунајтед ќе игра финале на Лига Европа против Ајакс.

После што синоќа ремизираа со Саутемптон, јасно е дека Манчестер Јунајтед ќе ја заврши сезоната на шестата позиција во Премиер лигата, додеја победа во финалето на Лига Европа ќе гарантира на екипата на Мурињо настап во ЛШ во следната сезоната.

Португалскиот стручнак твди дека нема друг избор отколку против Палас да изведе доста ослабен состав:

„Ќе ги поведам Димитри Мичел, Скот МекТоминај, Аксел Туанзебе, Ерик Баи, Мати Вилкок исто тка ќе бидат во екипата, како и  Закари Дернли“.

Од сите овие играчи еднинствено Баи забележа повеќе од четири настапи во дресот на првиот тим на Црвените ѓаволи.

Поради големото неискусто на неговата екипа Мурињо отворено го замоли тренерот на Палас. Сем Алардејс, за малку да “попушти“ против неговата подмладена екипа.

„Се надевам дека Биг Сем ќе покаже дека е добар пријател и дека малку ќе попушти“, изјави Мурињо, па додаде:

“Нека му каже на Вилфред Заха малку да попушти, нека го остави Бентеке дома. Се надевам дека нема да игра со полна сила“.