„Не можеме да се натпреваруваме со ривалите во преодниот рок“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Менаџерот на Тотенхем Маурисио Покетино смета дека неговиот клуб не може да се натпреварува со ривалите од Премиер лигата во преодниот рок, бидејќи иако обезбедија пласман во ЛШ во следната сезона не можат да издвојат голема сума на пари за трансфери.

Спарси ја држат втората позиција во ПЛ и осигураа пласман во ЛШ.

„Сите зборуваат за тоа дека Тотенхем се пласира во ЛШ и дека сега може да бидат многу атрактивни, но тогаш доаѓаме до момент дека сите големи играчи мораат многу да се платат.

Имаме неверојатни можности, но ако некој друг клуб понуди дупло повеќе за одредени играчи, како да ги убедиме да дојдат кај нас.

Не може да лажам, тоа е реалност. Потребни ни се млади фудбалери, како што се Деле Али, кој сакаше да дојде кај нас отколку во некој друг клуб“, рече аргентинскиот стручнак.

Покетино смета дека доколку сака да ја освојат титулата во ПЛ во следната сезона не смеат да прават грешки.

“Мораме да бидеме конкуренти во следната сезона. Во октомври и ноември изгубивме доста бодови и беше тешко да го стигнеме Челси. Сега мораме да се фокусираме на тоа и да ја унапредиме играта со цел конечно да освоиме трофеј во Премиер лигата“, рече Покетино.