Паоло Малдини за Џиџи Донарума: Се знаеше кога имаше 12 години…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


„Не би можел да работам во некој друг италијански клуб“.

Откако Паоло Малдини ја заврши кариерата, Милан почна да паѓа. Навистина, го освоија тоа Скудето со Ибрахимовиќ, но никогаш повторно не беа така моќни како во времето на култниот капитен.

За обнова на Милан денеска многу е потребно.

Во секоја линија им се потребни засилувања, но се чини дека најпотребно им е некој кој ќе биде симбол на клубот како што беше Малдини.

Единствен кој може да тргне по стапките на легендарниот дефанзивец е Џанлуиџи Донарума, суперталентираниот голман за чија судбина ќе се решава во наредните недели и кој Милан мора да го задржи како знае и умее пред нападите на богатите моќните клубови.

Сите се сложуваат дека Донарума е идна ѕвезда на светскиот клуб, а и Малдини истакна дека се работи за вистински дијамант и талент каков што ретко се гледа.

„Тој е таков вид на талент што се раѓа еднаш во 20 години. Луѓето за тоа дете зборуваа уште кога имаше само 12 години. Тој е чист и најголем талент. Ми се допаѓа и Белоти, има добро однесување“, рече Малдини во разговор за француските медиуми.

Откако ја заврши кариерата, легендарниот Италијанец е надвор од фудбалот.

Иако би сакал да работи во клубот.

Меѓутоа, неговите искрени ставови и критики не му се допаѓаа на многу клупски функционери кои би го ангажирале Малдини на некоја раководна функција.

Да се скријат позади неговото големо име, а тој да не донесува крупни одлуки.

„Не знам зошто не се вратив во Милан. Бев блиску. И за времето на Берлускони, и кај новите кинески сопственици. Разговаравме, но јас изнесов сомнеж што го имав во проектот и улогата која ми е наменета“.

Се споменуваше како иден директор на Пари Сен Жермен.

„Со претседателот Ал Келаифи зборував неколку пати. Одев и на некои нивни натпревари. Но никогаш не добив официјална понуда. Спремен сум да го сослушам секој клуб, само да нее од Италија. Не можам тоа да го направам после мојата историја во Милан“.