„Трејдувајте го првиот пик!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Бостон, Пирс го советуваше менаџментот на поранешниот клуб.

Бостон на НБА лотаријата добија право да бираат играч на наредниот драфт.

Станува збор за пикот на Бруклин на кој имаат право поради трејдот во 2013-та година кога ги испратија Дурант, Пирс и Фулц во Бруклин.

Пирс смета дека подобро е тимот да го трејдува пикот во првата рунда и да донесе уште еден Ол-Стар играч.

„Вие сте тим кој во регуларниот дел беше прв во Истокот и имавте повеќе од 50 победи. На вас Фулц нема да ви помогне да ја освоите титулата. Мора да продолжите да го градите тимот, да пробате да го донесете Батлер или Џорџ и тогаш ќе направите чекор напред.“