Лацио сака да го задржи Инзаги на клупата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Симоне Инзаги на клупата на Лацио стигна како привремено решение по смената на Пиоли, но имаше одлични резултати во сезоната која завршува.

И покрај тоа што не успеа да стигне до трофеј, но ниту пласман во квалификациите на ЛШ, Инзаги го препороди тимот и најверојатно ќе добие нов договор.

Инзаги со Лацио има договор до крајот на сезоната, токму од причина што е ангажиран како привремено решение, но наскоро ќе има разговори со Клаудио Лотито.

Двете страни најверојатно ќе најдат заеднички јазик, затоа што и кај двајцата е присутна желба за продолжување на соработката.