Сензација во Рим – „Кралот на земјата“ беше елиминиран од Тим!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Доминик Тим го исфрли Надал од турнирот во Рим откако во ¼-финале го победи со 2:0 во сетови.

Надал пред овој натпревар имаше низа од 17 победи по ред и 3 трофеи освоени по ред, но денес дојде крајот на тоа.

Го победи тенисерот кој токму од Надал пред неколку денови изгуби во Мадрид со 2:0 во сетови. Тим одигра денес неверојатен натпревар.

Во првиот сет беа видени 3 брејкови, а Тим направи еден повеќе и го освои сетот со 6:4, а во следниот Тим успеа да го добие со 6:3.

Тој во ½-финале ќе игра против подобриот од натпреварот помеѓу Дел Потро и Ѓоковиќ.