Клоп го одреди својот наследник на клупата на Ливерпул!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Легендата на Ливерпул по својата кариера, со исклучок на краткиот престој во ЛА Галакси, одлучи да започне тренерска работа во академијата на Ливерпул.

„Одлично е тоа што можам да го вклучам Џерард во работа, тој е одличен човек и еден од најдобрите фудбалери. Му кажав дека кога ќе заминам или ме отпуштат, би сакал тој да ме наследи.

Клубот исто така ја поддржува  идејата на поранешните фудбалски легенди да им даде одговорни функции во клубовите во кои оставиле трага.

„На идните генерации им се потребни легенди како Џерард. Многу му даде на Ливерпул и сега е време клубот да му го даде потребното образование.“

Џерард од 1998 до 2015-та година го водеше Ливерпул, одигра 710 натпревари и постигнато 191 гол и освои 10 трофеи.