Гвардиола купува во Монако?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Граѓаните се на добар пат да ангажираат големо засилување, пренесуваат островските медиуми.

Според последните информации кои стигнуваат од Островот, Манчестер Сити во претстојниот преоден рок ќе го доведе Фабињо од Монако.

Сепак, сеуште нема потврда од страна на клубот за било какви преговори, како и за тоа колку може да биде висината на трансферот.

Пеп Гвардила можеше на дело да се увери во квалитетот на Бразилецот, бидејќи Кнежевците беа кобни по неговиот тим во 1/8 финалето на ЛШ.

Тренерот на Монако Леонардо Жардим во оваа сезона го форсираше Фабињо на место последен играч за врска, иако по вокација е десен бек.

Фабињо во Европа стигна од Флуминенсе како тинејџер во 2012 година, го доведе португалски Рио Аве, а одма беше проследен на позајмица во Реал Мадрид.

Во Б Тимот на Лос Бланкоси играше одлично, но не доби вистинска шанса во првиот тим па замина во Монако.

Кнежевците го откупија во 2015 година, досега одигра преку 150 натпревари во сите натпреварувања, постигна 20 голови и се закити со титула шампион на Франција.