После Родригез, Милан сака да го доведе и неговиот соиграч


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Раководството на Милан наскоро ќе го реализира трансферот на Рикардо Родригез, а изгледа дека од Германија би можеле да се вратат со уште едно засилување.

Италијанските медиуми пренесоа дека раководството на Милан се договорило со швајцарскиот бек и дека за неговите услуги ќе платат 18 милиони евра.

Од Волфсбург го одложија реализирањето на овој трансфер дури овој тим не го одигра важниот натпревар против Хамбургер.

Тоа значи дека директорите на Милан, Марко Фасоне и Масимилијано Мирабели најверојатно во вторник или среда ќе отпатуваат во Германија и да го реализираат трансферот на Родригез.

Според информациите од Италија, раководството на Милан сака во Германија да разговара за трансфер на уште еден фудбалер на Волфсбург, Луиз Густаво.

Бразилецот е познат по жестокиот карактер, а неговиот договор со Волфсбург му истекува во 2018-та година, но во Милан се заинтересирани и сакаат што побрзо да го доведат во својот тим.