Челси бара замена за Тери, данецот прва опција


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Долгогодишниот капитен на Челси, Џон Тери од следната сезона нема да биде фудбалер на клубот од Стемфорд Бриџ, а сините тргнаа да бараат негова замена во одбраната.

Островските медиуми долго време го поврзуваат фудбалерот на Фенербахче, Симон Кјаер со трансфер во Челси.

Оваа сезона данскиот фудбалер во дресот на клубот од Истанбул одигра 40 натпревари и е незаменлив.

Уште се чека официјална понуда од Челси за дефанзивец. Според информациите од Англија, скаутите на Челси уште од зимскиот преоден рок го следат Кјаер.

Челси би морал да плати 15 милиони фунти за услугите на Кјаер, а изгледа дека не се само тие заинтересирани. Арсенал, Монако и Ливерпул се исто така заинтересирани за дефанзивецот на Фенербахче.