Реал – Заминува еден колумбиец, доаѓа друг


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Џејмс Родригез е минато, најверојатно овој ќе биде подобар.

Дури се чека судбината на Џејмс Родригез, Реал работи на ново засилување од Колумбија.

Се работи за дефанзивецот на Ајакс, Дејвинсон Санчез кој минатата сезона дебитираше за Колумбија.

Ова момче има 20 години, порано беше на мета на Барселона, но на крајот заврши во Ајакс каде веднаш се наметна и беше стандарден оваа сезона.

Платен е 5 милиони евра на Атлетико Насионал, има договор уште 4 години, а Флорентино Перез има намера да понуди 25 милиони евра за момчето кое би требало да го замени Пепе.