Диего Пероти заминува од Рома, а познато е името на новиот клуб?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Диего Пероти на почетокот на минатата година стигна во редовите на Рома од Џенова.

Пероти вториот дел од сезоната стигна на позајмица, но Рома го откупи неговиот договор. Сепак, тој не беше стандарден, па почнаа шпекулациите дека ќе замине од тимот.

Рома сеуште не го плати целиот износ на Џенова за овој фудбалер и имаат долг од 9 милиони евра, па затоа Рома ќе се обиде да го продаде Пероти за да го покрие овој долг.

Тимот на Торино е заинтересиран за овој фудбалер. Наводно, Пероти се договорил со Торино, а Рома треба од трансферот да добие 13 милиони евра.