„Многумина сакаат Реал да не ја освои титулата!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид се наоѓаат пред титулата во Шпанија.

Тие се лидери скоро од почетокот на сезоната, а во последните неколку натпревари Барселона изврши голем притисок на нив и во еден момент имаа ист број на бодови.

Сепак, Реал одигра подобро во последните натпревари и поради тоа можат против Малага да ја осигураат титулата.

Зидан пред тој натпревар даде изјава дека многумина не сакаат Реал да ја освои титулата.

„Многумина луѓе сигурно не сакаат Реал да ја освои титулата. Тоа е секогаш така, но тоа не ни пречи. Овој тим е одличен, станува збор за фантастични играчи. Заслужуваме да бидеме лидери, но сега мора да ја завршиме работата во последниот натпревар.“