Штарке, Алонсо и Лам се простија со победа и титула – Баерн со покер за Фрајбург на Алијанц Арена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Денес се одигра последното 34-то коло во Бундеслигата.

Баерн Минхен на Алијанц Арена го победи Фрајбург, 4:1.

После четири минути игра Арјен Робен ја затресе мрежата на гостите. Голманот на Фрајбург одлично го одбрани ударот на Милер, а потоа Видал шутираше непрецизно.

Фрајбург имаше шанси за погодок преку Грифо и Франц во првото полувреме, но Штарке не дозволи да прими погодок. На почетокот на второто полувреме Левандовски пропушти шанса за погодок. Робен ја погоди пречката, а на другата страна фантастична интервенција на Штарке по ударот на Петерсен. Се играше 73-та минута кога Артуро Видал зголеми на 2:1. Три минути подоцна Петерсен постигна погодок за гостите. Резервата Франк Рибери во судиското продолжение го врати водството на Баерн од два погодоци, 3:1. Џошуа Кимих ги постави конечните 4:1 пред крајот на натпреварот.

Ова беше последен натпревар во кариерата за Штарке, Лам и Алонсо.

Во останатите натпревари Борусија Дортмунд на Сигнал Идуна Парк го победи Вердер, 4:3, Келн го победи Мајнц, 2:0, Франкфурт и Лајпциг одиграа, 2:2, Хамбургер беше подобар од Волфсбург, 2:1, Леверкузен убедливо ја совлада Херта, 2:6, Хофенхајм и Аугсбург не беа расположени за погодоци, 0:0, Инголштадт и Шалке одиграа 1:1, Менхенгладбах и Дармштадт ги поделија бодовите, 2:2.

Баерн Минхен оваа сезона ја заврши на првата позиција и избори директен пласман во ЛШ заедно со Лајпциг и Борусија Дортмунд. Хофенхајм како четврт ќе игра квалификации за ЛШ. Келн ќе игра во групната фаза во ЛЕ, а Херта квалификации за ЛЕ. Волфсбург ќе игра бараж за опстанок во Бундеслигата, а Инголштадт и Дармштадт испаднаа.