Еурофарм Работник го прегази Охрид и е прв финалист во купот на Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Еурофарм Работник го победија Охрид во натпревар од полуфиналето во купот на Македонија, 26:18.

На полувреме битолските ракометари заминаа со плус осум, 15:7. Десетина минути пред крајот на натпреварот домашните имаа плус 10, 23:13. На крајот Еурофарм Работник победи со 26:18.

Крстевски со шест погодоци го предводеше Еурофарм. Голманот на битолчани, Чаневски исто така имаше голем допринес со своите 17 одбрани. Кај Охрид најмногу се истакна Адамовиќ со 4 погодоци.

Фармацевтите се пласираа во финалето во купот на Македонија каде ќе играат против подобриот од дуелот Вардар – Металург.