Филип Миркуловски со два погодоци во ремито на Вецлар против Бергишер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ракометарите на Бергишер и Вецлар ремизираа во натпревар од 30-то коло во Бундеслигата, 18:18.

Гостите на полувреме заминаа со минимална предност, 9:10. Ракометарите на Бергишер успеаа да направат пресврт во второто полувреме, но на крајот освоија само бод, 18:18.

Хан и Вебер беа најефикасни кај Вецлар со по 4 погодоци. Македонскиот репрезентативец, Филип Миркуловски постигна 2 погодоци од 3 обиди. Кај Бергишер најефикасни натпреварот го завршија Гунарсон и Гутброд со по 4 погодоци.