„Сакаме новата сезона да започне веднаш!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Наполи вчера на домашен терен ја победија Фиорентина со 4:1 во рамки на 37-то коло во Серија А.

Наполи со овие 3 бодови остана во трка за второто место кое води директно во ЛШ, затоа што на едно коло пред крајот имаат само 1 бод помалку од Рома.

Наполи е најверојатно во најдобра форма досега, а изјава даде Хамшик.

„Ова беше фантастична сезона и штета што сме трети, иако игравме одлично. Можам да ви кажам дека одвај го чекаме почетокот на следната сезона, иако оваа сеуште не е завршена. Сакаме наредната година да направиме чекор напред и верувам дека може да го направиме тоа.“

„Имаме се што ни е потребно да се бориме за Скудетото. Ако играме вака, тогаш се е можно.“