Харт се враќа во Англија, а познато е името на новиот клуб?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Англискиот голман Џо Харт на крајот на оваа сезона ќе се врати во Сити од позајмицата во Торино.

Откако Гвардиола стигна на клупата во Сити, Харт повеќе не доби шанса во тимот. Па тој замина на позајмица во Торино кој има намера да го откупи неговиот договор.

Јасно е дека не сака да седи на клупата на Сити, па ова лето ќе замине во нов клуб. Медиумите пренесуваат дека има голем интерес за него од Англија, но само еден тим ги контактирал членовите на управата на Сити.

Станува збор за Лестер кој најверојатно на крајот на сезоната ќе остане без Шмајхел. Многу е можно да се случи замена на голмманот, доколку Шмајхел биде мета на многу тимови.