Сезоната е готова – Конте и Челси слават, Арсенал на крајот излезе како најголем губитник!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Со денешните натпревари во 38-то коло беше завршена сезоната во ПЛ.

Како што се очекуваше, иамше голем број на голови за простување од оваа сезона. Новиот шампион ја прослави титулата против Сандерленд со победа од 5:1. Вилијан, Азар, 2 пати Батшуаи и Педро ја донесоа победата за Челси.

Тотенхем со 7:1 победи на гостувањето кај Хал со нов хет-трик на Кејн кој ја заврши сезоната како најдобар стрелец со 28 голови.

Голема борба се водеше за ЛШ, но на крајот Сити директно се пласираше во ЛШ додека во квалификациите ќе игра Ливерпул, а Арсенал се задоволи само со Ле.

Арсенал го победи Евертон со 3:1 со головите на Белерин, Ремзи и Санчез, но тоа не беше доволно за пласман во ЛШ, затоа што Сити победи кај Вотфорд со 5:0, а Ливерпул победи со 3:0 против Миделсброу.

Јунајтед со најмлад состав во историјата на клубот со 2:0 го победи Кристал Палас.

All Goals & Highlights (Arsenal 3-1 Everton… by EarthSavii