„Кралевите“ станаа шампиони по 33-ти пат – Реал Мадрид е нов шампион на Шпанија!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Фудбалерите на Реал Мадрид ја освоија титулата по 33-ти пат.

Тие денес ја победија Малага со 2:0, а тоа им беше доволно за да ја задржат предност од 3 бодови во однос на Барселона.

Реал одигра одлично во текот на целиот натпревар и дојдоа до предност во 2-та минута со голот на Роналдо по асистенцијата на Иско. До крајот на првиот дел Роналдо можеше да постигне уште еден гол, но Камени имаше одлична интервенција.

Пред крајот на полувремето Малага можеше да израмни, но Навас одбрани одличен удар.

Во второто полувреме тие ја осигураа титулата со голот на Бензема во 55-та минута.

Тие ја завршија сезоната со 93 бодови и со гол разлика од 106:41.