„Те поздравуваат твоите непријатели, Франческо Тоти“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Многу авантури завршија оваа сезона. Џон Тери, Филип Лам, Чаби Алонсо, па и Франческо Тоти следниот викенд за последен пат ќе игра за Рома.

Овој 40 годишен играч, последен пат ќе игра против Џенова следното коло, после 25 години заминува од тимот на Рома каде што ја помина целата своја кариера.

Дека во фудбалот има почитување едни меѓу други, има, тоа денеска го докажаа и навивачите на Лацио, смртните непријатели на Тоти и на Рома, му покажа почитување пред се на италијанската икона на фудбалот, а потоа можеби и на еден од најдобрите напаѓачи кои Рома ги родила.

На натпреварот против Интер имаше транспарент на кој пишуваше: Твоите животни непријатели те поздравуваат, Франческо Тоти.

Тоа како што го зачуди целиот фудбалски свет, така го зачуди и легендарниот Тоти.