Дали Де Геа со оваа порака се прости од навивачите на Јунајтед?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот чувар на мрежата Давид Де Геа може ја заврши својата последна сезона во дресот на Манчестер Јунајтед.

Де Геа во Јунајтед стигна во лето 2011 година од Атлетико Мадрид и од тогаш е еден од најдобрите голмани на светот.

За неговите услуги долго време се интересира екипата на Реал Мадрид, а шпанските медиуми пренесуваат дека и во ова лето Мадриѓаните ќе направат се со цел да го доведат.

Многу интересна порака имаше Давид Де Геа за навивачите на Јуајтед после вчерашниот дуел против Кристал Палас.

„Благодарам за вашата безусловна поддршка“, напиша Де Геа под фотографијата.

Многу англиски медиуми пренесоа дека тоа е негова проштала порака за навивачите на клубот од Олд Трафорд.