Атлетико се засилува од Чемпионшип?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалер на Астон Вила наводно се наоѓа на радарот на Јорганџиите.

Атлетико Мадрид ја заврши оваа сезона, на третото место на табелата од Примера, додека во ЛШ се поразени во полуфиналето од Реал.

Сезоната многумина ја сметаат за неуспех, но не е се така црно.

Сепак, нема сомнеж дека и во ова лето ќе биде активен на трансфер пазарот, бидејќи е извесно дека засилувања ќе им бидат неопходни за повеќе цели, а и поради фактот дека поедини играчи веројатно ќе заминат.

Според пишувањата на француски „Л`Екип, во управата размислуваат за во ова лето да пронајдат алтернатива за Филипе Луиз, бидејќи е извесно дека Тео Ернандез нема да се врати во клубот, веќе дека ќе оди во другиот крај на Мадрид, поточно во редовите на Реал.

Наводно решенија пронајдоа во уште француски интернационалец, а во прашање е лев бек на Астон Вила Џордан Амави.

Атлетико според пишувањата на францускиот весник е во постојан контакт со 23-годишниот фудбалер, а се верува дека за неговите услуги морале да издвојат меѓу 10-12 милиони евра, што е сосема прифатливо.

Познато е дека Астон Вила ќе мора да продава во претстојниот преоден рок, со цел да може да го засили тимот, и продажбата на Амави може да ги реши сите проблеми.