Навас после прославата на титулата ја избричи главата и ги изненади сите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Реал Мадрид Кејлор Навас се одлучи да ја избричи главата, иако многумина помислија дека се работи за некоја кладба, причината е сепак многу повеќе благородна.

Одличниот голман успеа да ја сочува мрежата на последниот натпревар од Ла Лига против Малага, на кој неговиот Реал славеше со 2:0 и така ја потврди титулата против Шпанија.

Навас после дуелот изненади многумина кога во разговор со медиумите дојде целосно со избричена глава, но брзо откри на сите дека тоа го направи во знак за поддршка на децата и фамилиите на децата заболени од рак.

„Го молам Бог за сите тие, се надевам дека можат да се опорават од оваа болест“, рече Навас.

„За сите деца кои се борат од рак. За нивните фамилии, за сите кои ќе продолжат да се борат. Оваа титула е за нив“, додаде голманот на новиот шампион на Шпанија.

Иако доста се шпекулираше за иднината на Навас во екипата од Мадрид, тој во оваа сезона беше еден од клучните играчи во походот на Реал кон титулата.

„Одлична година е позади нас и ова е награда за нашиот труд…Се боревме во текот на целата оваа сезона, дадовме се од себе и сега сме среќни“, рече Навас за крај.